ФАКТИ
Набавете ги вашите билети за WOMEN'S EHF EURO 2022!
Женското ЕХФ Европско Првенство 2022 ќе се одржи во Словенија, Северна Македонија и Црна Гора од 4 до 20 ноември 2022 година. Под слоганот Играј со срце, 15-тото ЕХФ Европско Првенство за жени ќе се игра во четири града: Љубљана, Целје, Скопје и Подгорица.
Словенечката престолнина Љубљана ќе биде домаќин на групата А од прелиминарното коло, групата од главната рунда и последните викенд натпревари во арената Стожице со 12.480 седишта. Арената Златорог во Целје ќе биде дом на прелиминарната група Б. Арената Борис Трајковски ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда, додека Арената Морача во црногорската престолнина Подгорица ќе биде домаќин на четири екипи од групата Д.
Вкупно 47 натпревари ќе се одиграат се додека победничките на ЕХФ Европското Првенство 2022 за жени не го подигнат посакуваниот трофеј. Обезбедете го вашето место за натпреварите во Словенија, Северна Македонија и Црна Гора за да го поддржите вашиот тим со срце!
БИЛЕТИ
Билети за ЦЕЛЈЕ
Целје и неговата Златорог Арена имаат долга ракометна традиција. Откако беше домаќин на бројни ракометни настани, вклучително и ЕХФ Европското Првенство во 2004 за мажи, арената Златорог со 5.191 седишта ќе ги пречека натпреварите од прелиминарната рунда на ЕХФ Европското Првенство 2022 за жени во групата Б, во која ќе учествуваат домаќинот Словенија, Данска, Шведска и Србија.
Tickets for LJUBLJANA
Арената Стожице е мултифункционална спортска сала со капацитет од 12.480, погодна за одржување на национални и меѓународни спортски настани, големи концерти, емисии и забавни продукции и други настани кои привлекуваат значителен број посетители. За време на женското ЕХФ Европско Првенство 2022, Стожице ќе биде домаќин на 20 натпревари во три фази. Натпреварувањето во Љубљана започнува со прелиминарната група А со Унгарија, Норвешка, Хрватска и Швајцарија, по што следи главната рунда и последниот викенд.
Билети за ПОДГОРИЦА
Спортскиот центар Морача е повеќенаменска сала која се наоѓа во новиот дел на Подгорица, на десниот брег на реката Морача, по што го добила и своето име. Покрај тоа што е спортско место, спортскиот центар Морача, исто така, е домаќин на различни концерти и настани. Главната сала, со капацитет од 6.000 седишта, ќе биде домаќин на шест натпревари од прелиминарното коло во групата Д. Победниците на ЕХФ Европското Првенство за жени во 2012 година, Црна Гора ќе играат против Полска, Германија и Шпанија.
Билети за СКОПЈЕ
По 14 години, женското ЕХФ ЕУРО се враќа во Скопје и во Арената Борис Трајковски. Повеќенаменската спортска сала може да прими 6.000 навивачи и е дом на македонските репрезентации. Спортскиот центарот низ годините беше сведок на едни од најголемите спортски резултати и успеси на државата. Во ноември 2022 година, Арената Борис Трајковски ќе продолжи да биде дом на македонските репрезентативки за време на нивните прелиминарни натпревари од групата Ц со Франција, Холандија и Романија. Во Скопје ќе се играат и натпреварите од главната рунда во кои ќе настапат екипите од групите Ц и Д.